Осија 3:1-5 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа Господ ми рече: „Оди и повторно засакај ја жената, која ги са­ка злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израелови, а тие гле­даат по туѓи богови и ги сакаат нивните пити од грозје.“

2Ја откупив за петнаесет сребреници и за гомер и полугомер јачмен;

3па ѝ реков: „Ќе останеш кај мене подолго време; не блудствувај и не оди со други; а и јас нема да ти приоѓам.“

4Зашто синовите Израелови ќе оста­нат долго време без цар, без кнез и без жртви, без жртвеник, без ефод и без јавување.

5Потоа синовите Израелови ќе се по­вратат и ќе Го побараат Господа, својот Бог, и Давид, својот цар, ќе се чудат пред Господ на Неговата благост во последните дни.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>