1ⓦЧујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израелов, и приклони го увото, доме царев, зашто вам ќе ви се суди, зашто бевте замка во Мицпа и оптегната мрежа во Тавор.
2ⓧДлабока јама ископаа престапниците, но Јас ќе ги казнам сите нив.
3ⓨЕфрем Јас го познавам, но и Израел не е сокриен од мене; зашто и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израеле, се оскверна.
4ⓩДелата нивни не ги оставаат да се обратат кон својот Бог, зашто блудството нивно е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат.
5ⓐИ гордоста на Израел сведочи против нив; затоа и Израел и Ефрем паднаа поради беззаконијата свои; а ќе падне и Јуда со нив.
6ⓑСо овци и со волови ќе тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Тој се оттргнал од нив.
7ⓒТие Го изневерија Господа, зашто изродија туѓи деца; затоа сега и тие и нивните имоти ќе бидат уништени.
8ⓓЗатрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: „Во бој, Венијамине!“
9Во денот на казнувањето Ефрем ќе стане пустина; Јас го изјавувам тоа меѓу колената Израелови.
10ⓔВодачите на Јуда станаа како оние што преместуваат меѓи; ќе го излеам врз нив гневот Мој како вода.
11ⓕЕте, Ефрем е угнетен, кај него правдата се гази, зашто посака да оди по суетни работи.
12ⓖЈас ќе бидам како молец за домот на Ефрем и како црв за домот на Јуда.
13ⓗКога ја согледа Ефрем болеста своја и Јуда раната своја, тргна Ефрем кон Ашур и се обрати до големиот цар за помош; но тој не ќе може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша.
14ⓘЗашто Јас сум како лав за Ефрем и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си заминам; ќе однесам и никој нема да ги спаси.
15ⓙЌе тргнам и ќе се вратам во Своето место, додека тие не признаат дека се виновни, и не го побараат лицето Мое. Можеби во својата мака ќе Ме побараат.