Осија 6:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1Ќе велат: „Ајде да се вратиме кај Господ, зашто Тој нѐ рани и Тој ќе нѐ исцели, нѐ удри — и ќе ни ги преврзе раните наши;

2ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово.

3И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; а Тој сигурно ќе дој­де кај нас, како утрена зора, ќе ни дојде како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја натопи земјата.“

4Што да правам со тебе, Ефреме? Што да правам со тебе, Јудо? Вашата љубов кон Мене е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува.

5Затоа Јас ги судев преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја. А тоа што го барам од вас е јасно како светлина.

6Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, и познавање на Бога, а не жртва сепаленица.

7А тие, како Адам, го прекршија за­ветот, и таму Ме изневерија.

8Галаад е град на беззаконици, полн со траги од крв.

9Свештениците се здружени разбој­ници, тие убиваат по патот за Сихем, срамни работи вршат.

10Во домот Израелов гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Изра­ел се осквернува.

11И за тебе, Јудо, е определена казна кога ќе го повратам од ропство Мојот народ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>