Осија 8:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Стави ја трубата на уста! Непријателите како орли го напаѓаат Домот Господов, зашто тие го нарушија заветот Мој и го престапија законот Мој.

2Иако викаат кон Мене: „Боже мој, ние Те познаваме; ние сме Израел.“

3Израел го отфрли доброто; затоа непријател ќе го гони.

4Си поставуваа цареви свои, без Мене; си избираа кнезови, пак без Мене; од среброто свое и од златото свое направија идоли: тоа им е за погибел.

5Го мразам телето твое, Самаријо; се распали гневот Мој против нив; до кога ли не ќе можат да се исчистат оние што се во Израел?

6И него уметник го направил, тоа не е бог; затоа ќе биде скршено на пар­чиња телето твое, Самаријо!

7Бидејќи сееја ветар, бура ќе пож­неат; житото нема да им 'рти, нема да даде брашно; ако, пак, и даде, туѓинци ќе го изедат.

8Проголтан е Израел; меѓу народите сега е како скршен сад.

9Тие скитаат осамени како диви ма­гариња; Ефрем со подароци ја купуваше благонаклоноста на другите.

10Па, иако праќаше дарови на народите, наскоро Јас ќе ги соберам, и тие ќе почнат да страдаат од царот и кнезовите;

11иако Ефрем изгради многу жртве­ници за грев — за грев и му послужија тие исти жртвеници.

12Му напишав важни закони, но тој ги сметаше за туѓи.

13Во жртвените приноси Мене Ми принесуваат месо и го јадат; на Господ тие не Му се угодни; сега Тој ќе се присети за нивното бесчестие и ќе ги казни за гревовите нивни; ќе ги врати во Египет.

14Израел го заборави Создателот свој, за себе си изгради дворци, а и Јуда изгради многу утврдени градови; но Јас ќе испратам оган врз градовите негови — и тој ќе му ги проголта дворците негови.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>