Откровение 10:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1И видов друг силен ангел како слегува од небото, обвиен со облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови;

2во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави својата десна нога над морето, а левата — над земјата;

3и извика со висок глас, како што ри­ка лав; а кога извика, седум громови проговорија со своите гласови.

4И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но чув глас од небото, кој ми зборува­ше: „Запечати го тоа што го зборуваа седумте громови, и немој да го пи­шуваш!“

5И ангелот, кого го видов како стои над морето и над земјата, крена рака кон небото

6и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него — дека не ќе има веќе време,

7но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Тој на своите слуги — пророците.

8И гласот што го бев чул од небото, одново прозборува со мене и рече: „Оди и земи ја отворената книшка од рацете на ангелот што стои над морето и над земјата!“

9Тогаш отидов кај ангелот и му ре­ков: „Дај ми ја книшката!“ Тој ми од­го­вори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.“

10Ја зедов книгата од рацете на ан­ге­лот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот.

11И ми рече: „Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви.“

e>