Откровение 11:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него.

2А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на незна­бошците: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци.

3И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дена.“

4Тие се двете маслинови дрвца и два­та светилника што стојат пред Гос­по­да­рот на Земјата.

5И, ако некој сака да им направи не­правда, оган ќе излезе од устата нивна и ќе ги проголта нивните непријатели; да, така треба да биде убиен оној што ќе посака тоа да го направи.

6Тие ќе имаат власт да го затворат небото за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претвораат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога ќе посакаат.

7И кога ќе го завршат сведоштвото, тогаш ѕверот, кој ќе излезе од бездната, ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе ги убие.

8А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат.

9И многу од народите и племињата и јазиците ќе ги гледаат нивните трупови три и пол дена и нема да дозволат нив­ните трупови да бидат погребани во гробови.

10И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние што жи­веат на земјата.

11Но по три и пол дена во нив ќе вле­зе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние што ќе ги гледаат.

12Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: „Искачете се ваму!“ И тие ќе се искачат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги видат.

13Во тој час ќе настане голем зем­јот­рес и една десетина од градот ќе се сру­ши; а од земјотресот ќе загинат седум илјади човечки имиња: другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му оддадат слава на небесниот Бог.

14Второто зло мина. Ете, брзо иде третото зло.

15Затруби и седмиот ангел, и по не­бо­то одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Хрис­тос[3], и Тој ќе царува во сите векови!“

16И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,

17велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителе, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата голема сила и се зацари!

18Народите збеснаа, но дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои — на пророците, на светиите и на оние кои имаат страхопочит кон името Твое, ма­ли и големи, и да ги погубиш оние што ја уништуваа земјата!“

19Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Неговиот храм; и имаше светкавици и гласови, громови и земјотрес, и град го­лем.

e>