Откровение 14:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.

2И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; чув глас на харфисти што свират на харфите свои

3и како да пеат нова песна пред престолот и пред четирите животни и старешините; и никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто че­ти­ри­есет и четири илјади, кои беа откупени од земјата.

4Тие се оние што не се осквернија со жена, бидејќи се девствени; тие се оние што го следеа Јагнето каде и да оди, Тие се откупени меѓу луѓето, првенци на Бога и на Јагнето,

5и во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни пред престолот Бож­ји.

6И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ.

7Тој зборуваше со висок глас: „Имај­те страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори!“

8И друг ангел се појави по него, ве­лејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!“

9И трет ангел по него наиде, зборувај­ќи со висок глас: „Кој ќе му се поклони на ѕверот и на бистата негова, и прими белег на челото свое или на раката своја,

10тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде ма­чен со оган и сулфур пред светите ан­ге­ли и пред Јагнето.

11Димот од мачењето нивно ќе се из­дига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговата биста, и што ќе го примат белегот на неговото име!“

12Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус.

13Чув глас од небото како да ми вели: „Напиши — блажени се мртвите кои от­сега умираат во Господ! Да — вели Ду­хот — нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат!“

14И видов: ете, светол облак, и на об­лакот седеше сличен на Синот Чо­веч­ки; на главата Своја Тој имаше златен венец, а во раката — остар срп.

15И друг ангел излезе од храмот и из­вика со силен глас на Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!“

16И Оној што седеше на облакот го фрли српот свој на земјата и земјата бе­ше пожнеана.

17И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто та­ка остар срп.

18И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: „Фрли го српот свој и обе­ри го грозјето од земното лозје, зашто зрната му се веќе зрели!“

19И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев,

20и се изгмечи кацата надвор од гра­дот, и потече крв од кацата дури до уз­дите на коњите, на илјада и шестотини стадии.

e>