Откровение 15:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1И видов друг знак на небото, голем и чуден: седум ангели што ги држеа седумте последни казни, заш­то со нив ќе се заврши Божјиот гнев.

2И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји.

3И ја пееја песната на Мојсеј, Бож­ји­от слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудесни се делата Твои, Гос­поди Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите!

4Кој нема да се уплаши од Тебе, Гос­поди, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите на­роди ќе дојдат и ќе се поклонат пред Те­бе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“

5Потоа видов: ете, на небото се отво­ри храмот на скинијата на собранието.

6И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси.

7И едно од четирите животни на се­думте ангели им даде седум златни ча­ши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови.

8И се исполни храмот со дим од сла­вата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте казни на седум­те ангели.

>