Откровение 16:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: „Одете, излејте ги седумте чаши со гне­вот Божји на земјата!“

2И отиде првиот ангел и ја излеа ча­шата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговата биста, се појавија лоши и лути рани.

3И вториот ангел ја излеа чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.

4Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.

5Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди,

6бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв — за­служуваат!“

7И чув друг како зборува од жрт­ве­никот: „Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди!“

8Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жари луѓето со оган.

9И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му оддадат слава.

10Петтиот ангел ја излеа чашата сво­ја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа ја­зиците свои од болка

11и Го проколнуваа небесниот Бог по­ради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.

12Шестиот ангел ја излеа чашата сво­ја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.

13И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лаж­ниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;

14зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот.

15„Ете, Јас доаѓам како крадец; бла­жен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов!“

16И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.

17Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небес­ни­от храм се пронесе силен глас кој извика: „Се сврши!“

18И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата.

19Големиот град се раздели на три де­ла, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.

20Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.

21И град, голем како талант[4], падна од небото на луѓето; а луѓето Го про­колнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.

e>