Откровение 2:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1На ангелот на Ефеската црква напиши му: ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја, Кој оди среде седумте свеќници;

2ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил дека се лажговци;

3дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил.

4Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.

5Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш.

6А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам.

7Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: — на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.

8И на ангелот на Смирненската црк­ва напиши му: така вели Првиот и Пос­ледниот, Кој беше мртов и еве оживеа:

9ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата — но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Јудеј­ци, а не се, туку се сатанска збирштина.

10Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот не­кои од вас ќе фрли в затвор за да ве ис­куша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот.

11Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета.

12А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици:

13(ги) знам (делата твои) каде живееш, каде е престолот на сатаната, и дека го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја дури и во де­но­вите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија средина живее сатаната.

14Но за неколку работи сум против тебе, зашто имаш таму некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валака да ги наведе на грев синовите Израелови, та да јадат жртви идолски и да блудствуваат.

15А имаш и некои што го држат уче­њето на николаитите, кое го мразам.

16Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја.

17Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што по­бе­дува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!

18И на ангелот на Тиатирската црква напиши му: ова го вели Синот Божји, Чии очи се како огнен пламен, а нозете слични на усвитена бронза:

19ги знам твоите дела, и љубовта, и службата, и верата, и служењето, и трпението твое, и дека твоите последни дела се побројни од првите.

20Но за ова сум лут на тебе, зашто позволуваш жената Језавела, која себе се нарекува пророчица, да ги учи и ма­ми слугите Мои да блудствуваат и да ја­дат идолски жртви.

21А ѝ дадов време да се покае за блудството свое, но таа не се покаја.

22Ете, неа ја фрлам на постела, и оние што блудствуваа со неа, во маки големи — ако не се покаат за делата свои.

23И чедата нејзини ќе ги казнам со смрт, и сите цркви ќе дознаат дека Јас сум Оној Кој ги истражува срцата и бубрезите; и секому од вас ќе му дадам според делата негови.

24А вам и на другите во Тиатир, што не го држат тоа учење и не ги запознаа таканаречените „длабочини сатански“, ви велам: нема да ви наложам друго бреме.

25Но држете го само она што го има­те, додека не дојдам.

26И кој победува и ги пази делата Мои до крај, нему ќе му дадам власт над незнабошците,

27и ќе ги пасе со железен жезол; и тие ќе се строшат како земјени садови.

28Како што и Јас примив власт од Својот Отец, нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница.

29Па, кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

>