Откровение 21:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе.

2Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж.

3И чув висок глас од небото како збо­рува: „Ете го светиот шатор, све­ти­лиш­тето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе жи­вее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивниот Бог.

4И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“

5И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“

6Потоа ми рече: „Се сврши! Јас (сум) Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.

7Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.

8А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“

9Тогаш дојде кај мене еден од се­дум­те ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја по­ка­жам невестата — жената на Јагнето.“

10Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото — од Бога,

11и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен ка­мен, како светол камен јаспис;

12тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ан­гели и напишани имињата на дванаесет­те колена на синовите Израелови:

13спроти исток — три порти, спроти север — три порти, спроти југ — три порти, спроти запад — три порти.

14Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето.

15Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови.

16Градот беше четириаголен, а дол­жината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии[5]; должината, широчината и височината негова — еднакви.

17Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.

18Ѕидовите му беа изградени од јас­пис; а градот — од чисто злато, како чис­то стакло.

19Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел — јаспис, вториот — сафир, третиот — халкидон, четвртиот — смарагд,

20петтиот — сардоникс, шестиот — сард, седмиот — хрисолит, осмиот — вирил, деветтиот — топаз, десеттиот — хрисопрас, единаесеттиот — хијацинт, дванаесеттиот — аметист.

21А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден би­сер; улиците на градот беа од чисто зла­то како проѕирно стакло.

22Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.

23И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.

24И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.

25А портите негови нема да се зак­лу­чуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ.

26И ќе ја внесат во него славата и честа на народите;

27и нема во него да влезе ништо не­чисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.

e>