Откровение 22:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како крис­тал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето.

2Сред главната улица и од двете стр­ани на реката — дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите.

3И нема веќе да има никакво прок­летство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе Му служат

4и ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нив­ни.

5И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.

6И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити. Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро.

7‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!‘“

8И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.

9Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои — пророци и оние што ги држат збо­ро­ви­те на оваа книга. Поклони Му се на Бо­га!“

10И ми рече: „Не запечатувај ги про­рочките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!

11Кој чини неправда, нека чини не­правда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.

12И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.

13Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!

14Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.

15А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопокло­ни­ците и секој што сака да лаже и лаже.

16Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“

17И Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека зе­ме од водата на животот дарум.

18И Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга.

19Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го од­земе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга.

20Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!“ — Амин! „Да, дој­ди, Господи Исусе!“

21Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

e>