Откровение 4:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов­де и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“

2И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.

3Оној што седеше изгледаше како ка­мен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд.

4Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири ста­ре­шини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци.

5И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот го­реа седум огнени светила, кои се се­дум­те Божји духови;

6пред престолот, пак, имаше стакле­но море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот — четири животни, однапред и одназад полни со очи:

7првото животно прилегаше на лав, второто — на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет.

8Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“

9А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови,

10дваесет и четирите старешини па­ѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред прес­то­лот, велејќи:

11„Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“

>