Откровение 7:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по мо­рето, ниту на некое дрво.

2И видов друг ангел како се подига­ше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон че­тирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи:

3„Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“

4И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израелови.

5Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жани — дванаесет илјади; од Рувимовото колено — дванаесет илјади; од Гадовото колено — дванаесет илјади;

6од Асировото колено — дванаесет илјади; од Нефталимовото колено — два­наесет илјади; од Манасиевото колено — дванаесет илјади;

7од Симеоновото колено — дванаесет илјади, од Левиевото колено — дванаесет илјади; од Исахаровото колено — дванаесет илјади;

8од Завулоновото колено — дванаесет илјади; од Јосифовото колено — дванаесет илјади; од Венијаминовото колено — дванаесет илјади.

9Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, — од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.

10И воскликнуваа со висок глас, ве­лејќи: „За спасението наше слава на на­шиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“

11А сите ангели стоеја околу пре­сто­лот, старешините и четирите животни, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога,

12велејќи: „Амин! Благослов и слава, мудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!“

13А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели об­леки, кои се и од каде дошле?“

14А јас му одговорив: „Ти знаеш, господине.“ А тој ми рече: „Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Јагнето.

15Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на прес­то­лот, ќе се всели во нив;

16и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина;

17бидејќи Јагнето, Кое е среде прес­толот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни.“

>