Откровение 8:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Кога го отвори седмиот печат, наста­на тишина на небото околу по­ло­вина час.

2И ги видов седумте ангели што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби.

3Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со мо­литвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.

4Димот од темјанот, заедно со мо­лит­вите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.

5И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фр­ли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.

6И седумте ангели што ги држеа се­думте труби, се приготвија да затрубат.

7Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.

8Затруби и вториот ангел — и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;

9и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа.

10И третиот ангел затруби, и од не­бо­то падна голема ѕвезда, која гореше ка­ко светило, и падна врз третината од ре­ките и водните извори.

11А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи беа загорчени.

12Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една третина од ѕвездите, за да потемнее ед­на третина од нив, та третина од денот, како и на ноќта, да не свети.

13И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што жи­веат по земјата од другите трубни гла­сови на трите ангели што ќе трубат!“

>