2ⓐВозљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.
3Од пријатниот мирис на твоите масла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите.
4ⓑПоведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, — ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од вино. Навистина, заслужено те сакаат!
5ⓒЌерки ерусалимски, црна сум, но сепак сум убава како шаторите бедуински, како завесите на Соломон.
6ⓓНе гледајте ме што сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ми се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата — но своето сопствено лозје не го зачував.
7ⓔКажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитница крај стадата на твоите другари?
8Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава меѓу жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
9ⓕВозљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка.
10ⓖПрекрасни се твоите образи меѓу обетките, вратот твој — под ѓерданите;
11Ќе ти направам златни обетки со сребрени пулејки.
12Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, парфемот од мојот нард го испушташе својот пријатен мирис.
13ⓗСмирнова китка е мојот возљубен, што стои меѓу градите мои.
14ⓘМојот возљубен е за мене како кипарисов грозд во лозјата на Ен-Геди.
15ⓙВозљубениот: О, убава си, мила моја, убава си! Имаш очи гулабови.
16Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! Зеленилото е постела наша.
17Возљубениот: Покривите на куќите ни се кедри, штиците наши — кипариси.