Песна над песните 2:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Возљубената: Јас сум цвет во рамнината шаронска, крин цвеќе во долина!

2Возљубениот: Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите.

3Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите неј­зини се слатки за грлото мое.

4Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов.

5Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум бол­на од љубов.

6Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува.

7Возљубениот: Ве заколнувам ќер­ки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.

8Возљубената: Гласот на мојот воз­љубен! Еве го: доаѓа, скока преку го­рите, прескокнува преку ридовите.

9Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, погледнува низ прозорецот, ѕирка низ решетката.

10Мојот возљубен се огласи и ми рече: „Стани, мила моја, убавице мо­ја, дојди!

11Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе,

12цвеќиња се појавија по земјата; настана време за песни, и гласот на гугут­ката се слуша во земјата наша;

13смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!

14Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е пријатен, и ли­цето ти е прекрасно.

15Фатете ни ги лисиците, лисичи­њата, зашто тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.“

16Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум — негова; тој го пасе стадото меѓу кринови.

17Во ладовините на вечерта кога сенките ги снемува, врати се, мил мој, и биди како срна или како млад елен, по планините разделени.

article>