Песна над песните 3:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1Ноќва во леглото мое го барав оној, кого го сака душата моја, го барав и не го најдов.

2Затоа ќе станам, ќе тргнам по гра­дот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов.

3Ме сретнаа стражарите, што го оби­колуваат градот: „Дали го видовте — ги прашав — оној, кого душата моја го сака?“

4Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мо­јата мајка и во одајата на родителката своја.

5Возљубениот: Ве заколнувам, ќер­ки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.

6Хорот: Која е таа, што се издига од пустината како столб од дим, што ми­риса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси?

7Еве ја носилката на Соломон: околу неа шеесет души јунаци, од јунаците Израелови.

8Сите држат по еден меч и се веш­ти во борба; секој има меч на бедрото свое поради опасностите ноќни.

9Носилка си направил царот Соло­мон од леванонски дрвја;

10столбовите ги направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето — порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле ќерките ерусалимски.

11Излезете, ќерки сионски, и погле­дајте го царот Соломон со венецот, со кој го украсила мајка му во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово.

article>