Песна над песните 5:1-16 MKDB2006 - Bible AI

1Возљубениот: Дојдов во градината своја, сестричке, невесто, ја обрав смирната моја и мирисите мои, ги јадев медените питки со мојот мед, го пиев виното со моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситете се, мили мои!

2Возљубената: Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот воз­љубен, кој чука: Отвори ми сестро, ми­ла моја, гулабице моја, совршена моја, зашто главата моја е целата со роса покриена, и косата моја — со ноќна влага.

3Го соблеков хитонот свој, пак ли да го облекувам? Сум ги измила нозете свои, како да ги валкам?

4Мојот возљубен ја протегна раката низ отворот, и срцето мое затрепери од него.

5Станав да му отворам на мојот возљубен; од рацете ми капеше смирна, од прстите мои пријатен мирис на смирна врз дршката од клучалката.

6Му отворив на мојот возљубен, а мојот возљубен си беше отишол. Душа­та ми премре, додека тој говореше; го барав, но не го најдов; го викав, но не ми се јавуваше.

7Ме сретнаа стражарите, што го оби­колуваа градот, ме натепаа, ме изна­ранија; ми го симнаа превезот оние, што ги чуваа ѕидиштата.

8Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Ако го сретнете мојот возљубен, каже­те му дека изнемоштувам од љубов.

9Хорот: Со што е твојот возљубен по­добар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените? Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?

10Возљубената: Мојот возљубен е бел и румен, поубав од десет илјади други;

11главата негова — чисто злато; кад­рите негови — брановидни, црни како гав­ран;

12очите негови — како гулаби крај водни потоци, што се капат во млеко, што стојат задоволни;

13образите негови — ароматен цветник, леи со миризливи билки; усните негови — кринови од кои капе чиста смирна;

14рацете негови — златни валци, опсипани со топази; стомакот негов — како сад од слонова коска, обложен со са­фири;

15нозете негови — мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кедар;

16устата негова е сладост, целиот е прекрасен. Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, ќерки еруса­лимски.

article>