Песна над песните 8:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат.

2Ќе те поведев и доведев во куќата на мајка ми. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки.

3Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува.

4Возљубениот: Ве заколнувам, ќер­ки ерусалимски, немојте да ја раз­будувате и немојте да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака!

5Хорот: Која е таа, што доаѓа од пус­тината, потпирајќи се на својот возљубен?

5Возљубената: Те разбудив јас под ја­болкницата: таму те родила мајка ти, таму те добила твојата родителка.

6Положи ме како печат на срцето свое, како прстен на раката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората — лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен.

7Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.

8Хорот: Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ќе правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови?

9Да беше карпа, ќе изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ќе ја обложевме со кедрови штици.

10Возљубената: Јас сум тврдина, а градите мои се кули; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир.

11Хорот: Соломон имаше лозје во Баал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодовите негови по илјада парчиња сребро.

12Возљубената: А моето лозје си е кај мене. Илјадата нека се за тебе, Соло­моне, а двесте — за чуварите на плодови­те негови.

13Возљубениот: Жителко на градините, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам.

14Возљубената: Побрзај мил мој, и биди како срна и како еленче по гори мирисни!

article>