Плачот 5:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види го сра­мот наш!

2Наследството наше мина на туѓин­ци, куќите наши — на луѓе од други пле­миња;

3останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици.

4Водата своја ја плаќаме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари.

5На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здив­неме.

6Протегаме рака кон Египќаните и кон Асирците, за да се нахраниме со леб.

7Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие.

8Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни.

9Храната си ја набавуваме со страв — пред мечот во пустината.

10Од лут глад, кожата ни поцрнела како печка.

11Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките — во градовите јудејски.

12Кнезовите ги изобесија со свои ра­це, лицата на старците не ги почитуваа.

13Момците носеа воденички камења, а децата паѓаа под товари дрва.

14Старците веќе не седат пред портите; момците не пеат.

15Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага.

16Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме!

17Поради тоа и боледува срцето на­ше; поради тоа и потемнеа очите наши.

18Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа.

19Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род.

20Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време?

21Врати нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се вратиме; обнови ги деновите наши како во старо време.

22Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>