1
2а од Хорив, преку планината Сеир, до Кадис-Барнеа има единаесет дена пат.
3На четириесеттата година, на единаесеттиот месец, во првиот ден од месецот, им кажа Мојсеј на синовите израелски сѐ, што му беше заповедал Господ за нив.
4
5од онаа страна на Јордан, во земјата моавска, Мојсеј почна да го објаснува тој закон и рече:
6Господ, Бог наш, ни говореше на Хорив и рече: „Доста живеевте во таа планина;
7свртете се и кренете, па одете во планинските предели на Аморејците и кај сите нивни соседи, во рамнината, по планините и по долините, и во јужните краишта и во приморската земја хананска, и во Ливан, дури до големата река, реката Еуфрат!
8
9
10
11Господ, Бог на предците ваши, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше!
12Како ќе ги носам сам страдањата ваши, тежините ваши и расправиите ваши?
13
14Вие ми одговоривте тогаш и рековте: „Тоа што го велиш е добро да го направиме.“
15И ги зедов првенците на вашите племиња, мажи мудри и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и за записничари во племињата ваши.
16
17
18И во тоа време ви заповедав за сѐ што треба да правите.
19И откако тргнавме од Хорив, одевме по целата таа голема и страшна пустина, што ја видовте, по патот кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог; и стигнавме во Кадис-Барнеа.
20Тогаш јас ви реков: „Вие стигнавте на Аморејската планина, која Господ, Бог наш, ви ја дава;
21
22Но вие сите дојдовте при мене и рековте: „Да испратиме пред нас луѓе, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ќе одиме, и за градовите, во кои ќе влеземе.“
23Ми се свидоа тие зборови, а јас зедов од вас дванаесет души, по еден човек од секое племе.
24Тие тргнаа, се качија на планината, дојдоа до долината Ешкол, и ја разгледаа;
25па зедоа во рацете свои плодови од земјата, ни донесоа, и нѐ известија, велејќи: „Добра е земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.“
26Но вие не сакавте да одите и се оглушивте од заповедта на Господ, вашиот Бог,
27и негодувавте во шаторите свои, велејќи: „Господ, од омраза спрема нас, нѐ изведе од земјата египетска, за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и да нѐ истреби;
28каде ќе одиме? Нашите браќа нѐ обесхрабрија, велејќи: оној народ е поголем и посилен од нас; таму градовите се поголеми и оградени со ѕидови до небеса, па и луѓе исполини видовме таму.“
29Тогаш јас ви реков: „Не ужасувајте се и не плашете се од нив;
30
31И во оваа пустина, како што видовте, Господ, Бог твој, те пазеше, како што човек го пази синот свој, по целиот пат по кој минавте, додека стигнавте на ова место.“
32
33
34И кога Господ ги чу зборовите ваши, се разгневи, и се заколна, велејќи:
35„Никој од овие луѓе, од овој зол род, нема да ја види добрата земја, за која им се заколнав на предците нивни дека ќе им ја дадам;
36
37
38
39
40А вие свртете и тргнете кон пустината, по патот кон Црвеното Море.“
41Вие одговоривте тогаш и ми рековте: „Згрешивме пред Господ; ќе одиме и ќе се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.“ И вие го опашавте секој своето бојно оружје, па се собравте и се искачивте на планината.
42
43И јас ви го кажав тоа, но вие не ме послушавте и ја престапивте Господовата заповед и своеволно се искачивте на планината.
44
45Вие тогаш се вративте и почнавте да плачете пред Господ, но Господ не го чу плачот ваш и не ве послуша.
46И останавте во Кадис многу време: колку што бевте таму.