1
2
3и ако се оствари тоа знамение или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: „Да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,“
4
5Господа, вашиот Бог, следете Го, и плашете се од Него; извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него.
6
7Ако тајно те наговорува братот твој, син на твојата мајка, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кој е за тебе како душата твоја, па ти рече: „Да одиме и да им служиме на другите богови“, што не ги познаваше ти и твоите предци,
8
9
10туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, — а потоа рацете на целиот народ;
11
12Целиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се исплаши, и нема во иднина да прави среде вас такво зло.
13Ако чуеш за некој од твоите градови, што Господ, твојот Бог, ти ги дава за да се населиш во нив,
14дека во него се појавиле нечесни луѓе од твојата средина, кои ги соблазниле жителите на тој град, велејќи: „Ајде да им служиме на други богови, кои вие не ги познававте“, —
15ти испитај и дознај добро: и ако е тоа чиста вистина дека е направена таква одвратност меѓу вас,
16
17а сите добра од него собери ги среде плоштадот негов и изгори ги заедно со градот како сепаленица пред Господ, твојот Бог; и да биде тој вечно пуст — никогаш да не се обнови.
18
19ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, извршувајќи ги сите Негови заповеди, што сега ти ги кажувам, и правејќи добро пред очите на Господ, твојот Бог.