1
2
3Не јади ништо нечисто.
4Еве ги животните што можете да ги јадете: говедо, овца, коза,
5елен, срна, бивол, див вол и жирафа.
6Секое животно што има разделени копита и на двете копита длабок зарез, и секое животно што прежива, јадете го.
7Од оние, што преживаат и имаат разделени копита со длабок зарез, не јадете само: камила, питом зајак и див зајак, зашто тие, иако преживаат, нивните копита не се разделени: тие се нечисти за вас;
8и свињата, бидејќи, иако копитата ѝ се разделени, но таа не прежива: таа е нечиста за вас; месото нивно не јадете го и до труповите нивни не се допирајте.
9Од сите водни животни јадете ги сите оние, што имаат перки и лушпи;
10а другите што немаа перки и лушпи, не јадете ги: тие се нечисти за вас.
11Секоја чиста птица јадете ја;
12но од нив не треба да ги јадете овие: орелот, грифот, галебот,
13јастребот, соколот, мршојадецот и сличните на нив;
14и секаков гавран од кој било вид;
15нојот, ластовицата, кукавицата и сличните на нив;
16бувот, ибисот, лебедот и сличните на нив;
17чавката, пеликанот и корморанот;
18штркот, чапјата, пупунецот и лилјакот.
19Сите четириножни крилести гадинки се нечисти за вас, да не ги јадете.
20Секоја чиста птица јадете ја.
21
22
23пред Господ, твојот Бог, во место, што Тој ќе го одбере, за да престојува името Негово; таму јади од десетокот од пченицата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првородените од крупниот и од ситниот твој добиток, за да се научиш да се плашиш од Господ, твојот Бог, во сите денови.
24Ако, пак, патот твој е долг, така што не ќе можеш да го принесеш тоа, бидејќи далеку е од тебе местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за пребивалиште на името Негово, за да те благослови Господ, твојот Бог,
25тогаш продај го тоа според цената и земи го среброто во рака и оди на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог;
26и со тоа сребро изнакупи таму сѐ, што душата ќе ти посака: волови, овци, вино или друг алкохолен пијалак и сѐ друго што душата ќе ти посака; и јади таму пред Господ, твојот Бог, и развесели се ти и твоите домашни.
27И левитот, кој е во твојот град, не го изоставај, бидејќи тој нема ни дел ни наследство со тебе.
28
29