1
2И коли Пасха на Господ, твојот Бог, од ситниот и од крупниот твој добиток, на местото, што ќе го одбере Господ, за да се прославува името Негово таму.
3
4ништо со квас да нема кај тебе во сите твои предели во текот на седумте дена, и од месото, што си го принел како жртва вечерта на првиот ден, ништо не смее да остане до утрината.
5Не смееш да колеш Пасха ни во еден од градовите твои, што Господ, твојот Бог ќе ти ги даде:
6
7па испечи и јади на она место што ќе го одбере Господ, твојот Бог, а на вториот ден можеш да се вратиш во домот твој.
8
9Изброј седум седмици; почни да ги броиш седумте седмици, откога ќе го ставиш српот на жетвата;
10тогаш празнувај го празникот Педесетница во чест на Господ, твојот Бог, според она колку што може да даде раката твоја, во зависност од тоа со што те благословил Господ, твојот Бог;
11и развесели се пред Господ, твојот Бог, ти, синот твој и ќерката твоја, робот твој и робинката твоја, левитот кој е во градовите твои, и дојденецот, сиракот и вдовицата, што се кај тебе, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за пребивалиште на името Негово;
12
13Седум дена празнувај го празникот Сеници, откако ќе ги прибереш плодовите од нивите твои и виното од пресите твои.
14Па развесели се ти на празникот твој, синот твој и ќерката твоја, робот твој и робинката твоја, левитот и дојденецот, сиракот и вдовицата, кои се во градовите твои;
15седум дена прославувај Го Господа, твојот Бог, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, бидејќи ќе те благословува Господ, твојот Бог, во сите плодови твои и во секоја работа на рацете твои и ти само ќе се веселиш.
16Трипати во годината секое машко треба да се јавува пред Господ, твојот Бог, на местото, што ќе го одбере Тој: на празникот Бесквасници, на празникот Педесетница и на празникот Сеници; и никој не смее да се јавува пред Господ со празни раце,
17но секој со дар во раката, според благословот од Господ, твојот Бог, што Тој ти го дал.
18
19
20правдата и само правдата барај ја, за да бидеш жив и да отидеш да ја наследиш земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
21Не посадувај шумичка од какви и да е дрвја покрај жртвеникот на Господ, твојот Бог, што ќе го подигнеш;
22и не подигнувај статуа во твоите места, бидејќи тоа го мрази Господ, твојот Бог.