Повторени закони 18:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Да нема дел и наследство во Израел за свештениците левити, во целото племе Левиево; тие треба да се хранат од жртвите за Господ, и од делот Негов,

2за нив нема да има дел меѓу браќата негови: Самиот Господ е негов дел, ка­ко што му рече Тој.

3Еве, што треба да биде определено за свештениците од народот, од оние, што принесуваат жртва вол или овца или коза; на свештеникот треба да му се дава плешката, вилиците и утробата;

4давај му исто така и првина од пче­ницата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првината од стригот на овците твои,

5бидејќи Господ, твојот Бог, него го избра од сите твои племиња да стои и да служи во името Господово, тој и синовите негови во сите денови.

6И ако левит некој дојде од некој од твоите градови, низ целата земја на Из­раел, каде што живеел тој, и по желба на душата своја дојде на местото, што ќе го одбере Господ,

7и почне да служи во името на Гос­под, својот Бог, како и сите негови бра­ќа левити, кои стојат таму пред Господ,

8како храна нека добие еднаков дел, освен добиеното од продажбата на татковиот имот.

9Кога ќе влезеш во земјата, која Гос­под, твојот Бог, ти ја дава, да не свик­неш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи;

10да не се најде меѓу вас човек кој го тера синот свој или ќерката своја да помине преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или, пак, маѓесник,

11бајач, или што повикува духови, ниту, пак, волшебник, ни таков што раз­говара со мртви;

12зашто, секој, кој го прави тоа, е гнасен пред Господ, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе.

13Биди непорочен пред Господ, твојот Бог;

14зашто тие народи, што ти ги прогонуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, на тебе ти го забранил.

15Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, — Него слушајте Го, —

16бидејќи ти Го молеше Господа, твојот Бог, кај Хорив во денот на собранието, велејќи: „Да не го чујам во иднина гласот на Господ, нашиот Бог, и да не го видам повеќе тој голем оган, за да не умрам.“

17И ми рече Господ: „Добро е тоа, што го кажале;

18Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Тој ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам;

19а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе ги говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам.

20Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.“

21Но ќе си речеш во срцето свое: „Како ќе разбереме кои зборови не ги кажал Господ?“

22Еве како ќе ги дознаете: ако пророкот говори од името на Господ, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот поради својата дрскост, — не плаши се од него.

article>