Повторени закони 19:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1 Кога Господ, твојот Бог, ќе ги уништи народите, чија земја ти ја дава Господ, твојот Бог, и ја наследиш по нив, и се населиш во градовите нивни, и со куќите нивни,

2тогаш оддели три града во земјата своја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство;

3изгради си пат и раздели ја на три дела сета земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство; тие да служат за засолниште на секој убиец.

4А еве кој убиец може да се засолни таму и да остане жив: оној што ќе убие ближен свој без умисла, и да не му бил непријател порано;

5оној што ќе отиде со другарот свој во шума да собира дрва, па ја замавне секирата со рака, за да пресече дрво, и испадне сечилото од дршката, го погоди другарот негов, и тој умре, — таков нека се засолни во еден од тие градови, за да остане жив,

6за да не го подгони одмаздникот за крв со разјарено срце убиецот и да го стигне, па, ако патот биде долг, и го убие, иако тој не смее да се осуди на смрт, бидејќи не му бил непријател порано;

7затоа и ти заповедав, велејќи ти: оддели си три града.

8Кога пак Господ, твојот Бог, ќе ги прошири твоите предели, како што се беше заколнал на предците твои, и ти ја даде сета земја, што им ја беше ветил на предците твои,

9ако се трудиш да ги исполнуваш сите овие заповеди, што денес ти ги заповедам: да Го сакаш Господа, твојот Бог, и да одиш по Неговите патишта во сите денови, — тогаш кон тие три града додај уште три града,

10за да не се пролева невина крв во земјата твоја, што ти ја дава Господ, твојот Бог во наследство и за да не бидеш обвинет поради крв.

11Но ако има некој човек кој е непријател на ближниот свој и го начека, па се нафрли на него и го истепа така, што тој умре, и избега во еден од оние градови,

12старешините на тој град да ис­пратат, да го земат оттаму и да го предадат во рацете на одмаздникот за крв и да умре.

13Да не го поштеди окото твое: очис­ти ја крвта на невиниот од Израел, и ќе ти биде добро.

14Не ја преместувај меѓата на ближ­ниот свој, поставена од прадедовците твои во твоето наследство, што си го добил во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во владение.

15Не е доволен еден сведок против човек за каква и да било вина, престап или некој грев, со кој згрешил: при сведочењето на двајца или тројца сведоци се донесува решение.

16Ако против некого излезе неправеден сведок, обвинувајќи го за престап,

17и обајцата, кои се судат, нека застанат пред Господ, пред свештениците и пред судиите, што ќе се најдат во тие денови;

18и судиите нека ги испитаат добро, па ако оној сведок е лажлив сведок и лажно сведочи против братот свој,

19направете му го она што го беше намислил да му го направи на братот свој: така исчистете го злото од вашата средина.

20И другите ќе чујат, па ќе се упла­шат, и нема во иднина да прават такво зло кај вас.

21Да не го поштеди окото твое: душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога.

article>