1Потоа се вративме и тргнавме по пустината кон Црвеното Море, како што ми беше рекол Господ, и многу време одевме околу планината Сеир.
2И Господ ми рече, велејќи:
3„Доста одевте околу таа планина, свртете се, пак, кон север.
4
5не започнувајте со нив војна. Јас нема да ви дадам од земјата нивна ни една стапка, зашто планината Сеир им ја дадов на потомците Исавови.
6
7
8И минавме покрај нашите браќа, потомците Исавови, кои живеат во Сеир; по патот во рамнината од Елат и Ецјон-Гевер, па свртевме и го изминавме патот во пустината Моав.
9
10
11и ги сметаат Рефаимци
12А во Сеир живееја порано Хоријците; но потомците Исавови ги изгонија и ги истребија од пред себе и се населија наместо нив — така, како што направи Израел со земјата на своето наследство, што му ја беше дал Господ.
13„И сега, станете и преминете го потокот Зеред.“ И ние го минавме потокот Зеред.
14
15
16И тогаш, кога изгинаа сите мажи, годни за војна, и исчезнаа помеѓу народот,
17Господ ми рече, велејќи:
18„Ти минуваш сега низ пределите моавски, преку Ар,
19
20Таа се сметаше за земја на Рефаимците: порано живееја во неа Рефаимци; Амонците, пак, ги нарекуваа Замзумијци;
21
22како што направи за синовите Исавови, кои живеат во Сеир, истребувајќи ги пред нив Хоријците, и тие ги изгонија, и се населија на местото нивно и таму живеат до ден денес.
23И Авијците, што живееја во селата кај Газа, Кафторијците, кои беа излегле од Кафтор, ги истребија и се населија на нивното место.
24„Станете, тргнете и минете го потокот Арнон; ете, го предавам во раката твоја Сихон, царот хешбонски, Амореецот, и неговата земја; почни да ја покоруваш и војувај против него;
25од денес Јас ќе почнам да сеам страв и ужас пред тебе врз народите под целото небо; оние, што ќе чујат за тебе, ќе се растреперат и ќе се уплашат од тебе.“
26И испратив пратеници од пустината Кедемот кај хешбонскиот цар Сихон, со мирни зборови, за да кажат:
27„Дозволи ми да минам преку твојата земја; ќе одам по патот, нема да скршнувам, ни десно, ни лево;
28
29
30
31И ми рече Господ: „Ете, Јас почнав да ти го предавам Сихон, и земјата негова; почни да ја покоруваш земјата негова.“
32И Сихон, со целиот народ свој, излезе против нас во бој кај Јахца;
33и ни го предаде Господ, Бог наш, и ние го разбивме него, синовите негови и целиот народ негов.
34
35само добитокот им го зедовме и пленот од градовите, што ги презедовме.
36Од Ароер, кој е на брегот од потокот Арнон, и од тој град, што е во долината, па сѐ до Галаад, немаше град, непристапен за нас: сѐ ни предаде Господ, Бог наш.
37Само кон земјата на потомците Амонови не пристапивме, ниту до местата, блиски до потокот Јавок, ниту кон градовите по планината, ниту до сѐ, за кое не ни заповеда Господ, Бог наш.