1Ако во земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава да ја наследиш, се најде убиен човек во полето, и не се знае, кој го убил,
2нека излезат твоите старешини и судиите и нека го измерат растојанието од убиениот до градовите наоколу;
3и старешините на градот, што е најблиску до убиениот, нека земат јуничка, со која не е работено која не носела јарем,
4и старешините од тој град нека ја одведат таа јуничка во пуст, необработен и незасејуван дол, и таму — во долот, нека ја заколат јуницата;
5потоа нека пристапат свештениците, синовите Левиеви, бидејќи Господ, твојот Бог, нив ги избра да Му служат и да благословуваат од името Негово, и според зборовите нивни да се пресуди секоја расправија и секоја причинета повреда,
6и сите старешини од тој град, најблискиот до убиениот, нека си ги измијат рацете над главата на закланата јуница во долот,
7
8очисти го од грев, Господи, народот Свој израелски, кој си го ослободил и не допуштај да остане врз него невина крв.“ И тие ќе се очистат од крвта.
9
10Кога ќе излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ти ги предаде во рацете твои, и ти ги заробиш,
11па видиш меѓу заробените жена убавица, и ја засакаш, и ќе посакаш да си ја земаш за жена,
12одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои,
13нека ја соблече ропската облека, нека живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да ѝ станеш маж, и таа да ти биде жена.
14Ако, пак, отпосле таа не ти е по волја, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту да ја имаш за робинка, зашто ти си ја обесчестил.
15Ако некој има две жени — едната сакана, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ако првородениот син му е од несаканата жена,
16
17туку е должен да го признае за свој првенец синот од несаканата жена и нему да му даде двоен дел од сиот имот, бидејќи тој е почеток на неговата сила; нему му припаѓа правото на првородство.
18
19тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот, при вратите на своето местоживеење,
20
21
22
23