1
2ако, пак, ближниот твој, не е близу до тебе, или, пак, не го познаваш, прибери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека тој не ги побара, и тогаш врати му ги;
3така постапувај со магарето негово, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на ближниот твој, што тој ќе ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.
4
5Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господ, твојот Бог.
6
7
8Ако градиш нова куќа, направи околу покривот нејзин ограда, за да не падне некој од него, та да навлечеш крв на својата куќа.
9Да не сееш во лозјето твое семиња од други видови растенија, за да не се осквернат плодот и семињата, со кои ќе го посееш и плодот на лозјето твое.
10Да не ораш со вол и магаре заедно.
11
12
13Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,
14и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: „Ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја најдов девица“,
15тогаш таткото на девојката и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на девојката кај старешините пред портата;
16и таткото на девојката нека им каже на старешините: „Му ја дадов ќерката моја за жена на овој човек, а тој ја намрази,
17и ете, обвинува за порочни дела, велејќи: ‚не ја најдов ќерката твоја девица‘; но еве ги девствените белези на ќерката моја.“ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.
18Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,
19
20Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,
21
22
23Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
24
25Ако, пак, некој сретне во полето девојка свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа,
26а на девојката не правете ѝ ништо; кај девојката нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој го нападне ближниот свој и го убие;
27бидејќи тој ја сретнал во полето, а свршената девојка и да викала, немало кој да ја спаси.
28
29