1ⓜАко некој земе жена и поживее со неа, но таа не добие милост во очите негови, бидејќи нашол кај неа нешто што не му се допаѓа, па ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја,
2а таа откако ќе излезе од куќата негова, се омажи за друг,
3па, ако и тој маж ја намрази и ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја, или пак тој, вториот маж, што ја зел за жена, умре,
4тогаш првиот нејзин маж, откако ја напуштил, не може пак да ја земе за жена по нејзиното осквернување, зашто тоа е одвратно пред Господ: не осквернувај ја земјата, што ви ја дава Господ, вашиот Бог, во наследство.
5ⓝАко некој скоро се оженил, нека не оди во војска, и да не му се наложува никаква работа; нека остане тој слободен во домот свој цела година и нека ја весели жената своја, што ја зел.
6Никој да не зема во залог воденица, ни горен воденички камен, бидејќи таквиот во залог зема душа.
7ⓞАко биде фатен некој дека украл некого од браќата свои, од синовите Израелови, и го заробил и го продал, таквиот злочинец да биде предаден на смрт: така истребувајте го злото од самите себе.
8ⓟПри болеста лепра гледај внимателно да пазиш и да го исполнуваш целиот закон, што ќе ви го кажат свештениците левити; исполнувај го грижливо, она што сум ви го заповедал;
9ⓠпомни, што ѝ направи Господ, твојот Бог, на Мирјам по патот, кога бевте излегле од Египет.
10ⓡКога ќе дадеш нешто во заем на ближниот свој, не оди дома кај него, за да земаш од него залог,
11туку почекај надвор, а човекот, кому си му дал заем, ќе ти го изнесе залогот надвор;
12ако е, пак, човекот сиромав, да не преноќева залогот негов кај тебе;
13ⓢврати му го залогот на зајдисонце, за да спие со облеката своја и да те благослови; тоа ќе ти се смета за милост пред Господ, твојот Бог.
14Не оставај го без награда бедниот и сиромав наемник од твоите браќа или од придојдените, кои се во градовите твои;
15ⓣпредај му ја дневницата во истиот ден, пред да зајде сонцето, бидејќи тој е беден, и на неа се надева, за да не повика против тебе кон Господ, за да не падне гнев врз тебе.
16Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради татковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев.
17ⓤНе осудувај неправедно дојденец и сирак, и од вдовица не земај облека во залог;
18сети се дека и ти беше роб во Египет, и Господ, твојот Бог, те ослободи оттаму: затоа и ти заповедам да ги исполнуваш овие наредби.
19ⓥКога жнееш на нивата своја ако заборавиш сноп на нивата, не враќај се да го земеш: тој нека остане за придојдениот, за сиракот и вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите работи на рацете твои.
20Кога ги береш маслинките свои, не враќај се да ги добереш останатите: тие нека останат за придојдениот, сиракот и вдовицата.
21Кога го береш лозјето свое, не го бери докрај она што ќе остане по тебе: нека остане тоа за дојденецот, сиракот и вдовицата;
22ⓦне заборавај дека и ти беше роб во египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.