1Кога ќе дојдеш во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава како наследство да ја запоседнеш,
2
3потоа оди кај свештеникот, кој е на служба во тие денови и кажи му: „Денес изјавувам пред Господ, твојот Бог, дека влегов во земјата, за која Господ им се заколна на предците наши дека ќе ни ја даде.“
4Свештеникот да ја земе кошницата од раката твоја и да ја стави пред жртвеникот на Господ, твојот Бог.
5
6
7тогаш ние завикавме кон Господ, Бог на нашите предци, и Господ го чу нашиот повик, и ја виде бедата наша, маките наши и неволјите наши;
8
9па нѐ доведе на ова место и ни ја даде оваа земја — земја во која тече мед и млеко.
10И така, ете, ги донесов првините од плодовите на земјата, која Ти, Господи, ми ја даде, земјата.“ Стави го тоа пред Господ, твојот Бог, поклони се пред Господ, твојот Бог,
11па развесели се потоа за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти ги даде тебе и на домот твој — ти и левитот и придојдениот, што е кај тебе.
12
13тогаш кажи пред Господ, твојот Бог: „Изнасобравме сѐ, што е свето во домот, и го дадов на левитот, придојдениот, сиракот и вдовицата, според сите Твои заповеди, како што ми заповеда: јас не направив престап спрема Твоите заповеди и не ги заборавив;
14во тагата не јадев од нив, ниту одделив од нив за нечиста потреба, ниту дадов од нив за умрено; го послушав гласот на Господ, мојот Бог — исполнив сѐ како што ми заповеда Ти.
15Погледни од небото од Твојот свет храм и благослови го народот Свој Израел и земјата што ни ја даде, како што им се заколна на прадедовците наши, земјата, во која тече мед и млеко.“
16Денес Господ, твојот Бог, ти заповеда да ги извршуваш овие наредби и закони: пази ги и исполнувај ги со сето свое срце и со сета своја душа.
17Денес си Му ветил на Господ, дека ќе биде твој Бог, дека ќе одиш по Неговите патишта и ќе ги почитуваш наредбите Негови и ќе го слушаш гласот Негов;
18и Господ ве избра денес вие да Му бидете Негов избран народ, како што ти рече ако ги почитувате сите заповеди Негови,
19