1Тогаш Мојсеј со старешините израелски му заповеда на народот, велејќи: „Пазете ги сите заповеди, што денес ви ги давам.
2И кога во оној ден ќе го минете Јордан и дојдете во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, како дел, постави си големи камења и обели ги со вар;
3ⓚи напиши ги на нив сите зборови од твојот закон, штом ќе го преминеш, за да влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, во земјата, каде што тече мед и млеко, како што им беше говорел Господ, твојот Бог, на твоите предци.
4Кога ќе го преминете Јордан, поставете ги тие камења, како што ви заповедам денес, на планината Евал и обелете ги со вар;
5ⓛи изгради таму жртвеник на Господ, твојот Бог, жртвеник од камења; да не ставаш на нив железо;
6жртвеникот на Господ, твојот Бог, изгради го од цели камења и принесувај врз него сепаленици на Господ, твојот Бог;
7принесувај и жртви за мир, и јади таму, и весели се пред Господ, твојот Бог;
8ⓜи врз тие камења напиши го многу јасно целиот овој закон.“
9ⓝТогаш Мојсеј со свештениците левити му рече на целиот Израел, велејќи: „Внимавај и слушај, Израеле: ти денес стана народ на Господ, твојот Бог.
10И така, слушај го гласот на Господ, твојот Бог, и извршувај ги Неговите заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес.“
11И во тој ден му заповеда Мојсеј на народот, велејќи:
12„Кога ќе го минете Јордан, овие племиња треба да застанат на планината Гаризим, за да го благословат народот: Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Јосиф и Венијамин;
13а на планината Евал да застанат за да искажат проклетство овие: Рувим, Гад, Завулон, Дан и Нефталим.
14Левитите да го известат народот и да им кажат на сите Израелци со висок глас:
15ⓞ‚проклет да е оној човек, кој ќе направи изрезан или излиен идол, одвратност пред Господ, работа на уметнички раце, па го стави на скришно место! Целиот народ да извика и да рече: амин!
16ⓟПроклет да е оној, што го навредува таткото свој или мајката своја! И целиот народ да каже: амин!
17ⓠПроклет да е оној, кој ја поместува меѓата на ближниот свој! И целиот народ нека рече: амин!
18Проклет да е оној, кој отстранува слеп човек од патот! И целиот народ нека каже: амин!
19ⓡПроклет да е оној, кој криво суди дојденец, сирак или вдовица! И целиот народ нека рече: амин!
20ⓢПроклет да е оној, кој ќе легне со жената на својот татко, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој! И целиот народ да каже: амин!
21ⓣПроклет да е оној, кој ќе легне со каков и да било добиток! И сиот народ нека рече: амин!
22ⓤПроклет да е оној, кој ќе легне со сестрата своја, со татковата ќерка или со мајкината ќерка! И целиот народ да каже: амин!
23ⓥПроклет да е оној, кој ќе легне со тештата своја! И целиот народ нека рече: амин!
24Проклет да е оној, кој ќе го убие тајно ближниот свој! И целиот народ да каже: амин!
25ⓦПроклет да е оној, кој зема поткуп, за да погуби душа и да пролее невина крв! И целиот народ нека рече: амин!
26ⓧПроклет да е секој, кој не ќе ги исполни наредбите од овој закон и не ќе постапи според нив! И целиот народ да каже: амин!‘“