1
2и ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог.
3
4
5Благословени ќе бидат кошниците твои и ноќвите твои.
6Благословен ќе бидеш, кога влегуваш, и благословен — кога излегуваш.
7Господ ќе ги порази пред тебе непријателите твои, кои се креваат против тебе; по еден пат ќе навлезат тие против тебе, а по седум патишта ќе избегаат од пред тебе.
8Господ ќе ти испрати благослови на твоите житници и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
9
10
11И Господ, ќе ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на добитокот твој и во плодот на нивите твои на земјата, за која Господ им се беше заколнал на твоите предци дека ќе ти ја даде.
12И Господ ќе ти го отвори доброто Свое сокровиште — небото, за да дава тоа на време дожд на земјата твоја и да ги благословува сите работи на рацете твои: и ќе им даваш на заем на многу народи, а ти самиот нема да земаш на заем.
13Господ, ќе те направи глава, а не опашка, и да бидеш само на високо, а не на ниско, ако ги пазиш заповедите на Господ, твојот Бог, што ти ги заповедам денес да ги почитуваш и исполнуваш,
14и ако не отстапуваш од сите зборови, што ти ги заповедам денес, ни надесно, ни налево, и ако не тргнеш по други богови за да им служиш.
15
16
17Проклети ќе бидат твоите кошници и твоите ноќви.
18Проклет ќе биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твои и плодот на овците твои.
19Проклет ќе бидеш, кога влегуваш, и проклет кога излегуваш.
20Ќе ти испрати тогаш Господ неволја, ужас и застрашување во секоја работа на рацете твои, каква и да вршиш, додека не те истреби и додека наскоро не те погуби поради твоите лоши дела, зашто си Ме оставил.
21Господ ќе испрати тогаш врз тебе и помор, додека не те истреби од земјата, во која одиш да ја наследиш.
22
23И небото над главата твоја ќе стане бакар, а земјата под тебе — железо;
24наместо дожд Господ ќе ѝ даде на земјата твоја пепел, и прав од небото ќе паѓа: ќе паѓа врз тебе, додека не те истреби.
25
26Твоите трупови ќе станат храна на сите птици небески и на ѕверовите, и не ќе има кој да ги истера.
27
28
29И ќе одиш дење со пипање, како што оди слепиот со пипање во темнината, и патот твој нема да биде прав, и тогаш ќе бидеш секогаш навредуван и ограбуван, и не ќе има кој да ти помогне.
30
31Твојот вол пред тебе ќе го заколат, и нема да јадеш од него, магарето ќе ти го грабнат, и нема да ти го вратат; овците твои ќе бидат дадени на непријателите твои и ќе нема кој да ти помогне.
32Синовите твои и ќерките твои ќе бидат предадени на друг народ; очите твои ќе гледаат и ќе чезнеат по нив, и нема да имаш сила во рацете свои.
33
34Ќе бидеш избезумен од тоа, што ќе го гледаат очите твои.
35
36Господ ќе те одведе тебе и царот твој, кој си го избрал, кај народ, кого не си го познавал ниту ти, ниту предците твои, и таму ќе служиш на други богови, направени од дрво и од камен;
37
38
39Лозја ќе садиш и ќе ги работиш, но вино нема да пиеш и нема да го береш плодот негов, зашто црв ќе го јаде.
40Маслини ќе имаш во сите твои предели, но со масло нема да се помажеш, бидејќи маслинките твои ќе опаѓаат.
41Синови и ќерки ќе родиш, но тие нема да останат кај тебе, зашто во плен ќе отидат.
42Сите твои дрвја и сите плодови на земјата твоја гламја ќе ги уништи.
43Дојденецот, кој е кај тебе, ќе се издига над тебе сѐ повисоко, а ти ќе паѓаш сѐ пониско;
44
45Ќе дојдат врз тебе сите овие клетви, ќе те гонат и ќе те стигнат, додека не те уништат, затоа што не го послуша гласот на Господ, твојот Бог, и не ги послуша заповедите и наредбите Негови, што ти ги беше заповедал;
46тие ќе бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо
47Зашто ти не Му служеше на Господ, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во сѐ,
48ти ќе му служиш на непријателот свој, што ќе ти го испрати Господ, во глад и жед, во голотија и во секаква скудност; тој ќе ти става на вратот железен јарем, додека не те уништи.
49
50народ бездушен, кој не сака ни старо да почитува, ниту младо да помилува,
51и ќе го јаде тој плодот од добитокот твој и плодот од земјата твоја; нема да ти остави ни жито, ни вино, ни масло, ниту од говедата твои, ниту од овците твои, додека не те погуби;
52и ќе те притеснува во сите твои градови, додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки ѕидови, на кои ти се надеваш; и ќе ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја, која Господ, твојот Бог, ти ја даде.
53
54Мекушавиот маж навикнат да живее во раскош, со безмилосно око ќе гледа на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што ќе му останат,
55и нема да му даде на ниеден од нив плот од децата свои, кои тој ќе ги јаде, зашто нема да му остане ништо друго поради опсадата и притеснетоста, во кои ќе те постават непријателите твои во сите твои градови.
56
57и нема да им го даде последокот, што излегува меѓу бедрата нејзини, ни децата, што би ги родила; зашто, при скудноста во сѐ, таа ќе ги јаде тајно, во притеснетоста во која ќе те стави непријателот твој во твоите градови.
58Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот, напишани во оваа книга, и не се плашиш од славното и страшно име на Господ, твојот Бог,
59
60и ќе ги навлече врз тебе сите лоши болести египетски, од кои се плашеше, и тие ќе се залепат за тебе;
61и секаква болест и секаква проказа, во книгата на овој закон, Господ ќе испрати врз тебе, додека не те истреби;
62
63И како што Господ се радуваше, кога ви правеше добро и ве размножуваше, така ќе се радува Господ, кога ќе ве погубува и истребува, и ќе бидете изгонети од земјата, во која одиш ти, за да ја наследиш.
64
65Но и меѓу тие народи нема да се успокоиш, ниту ќе има место за одмор на нозете твои; и таму Господ ќе го исплаши срцето твое, ќе го ништи видот на очите твои и ќе направи да страда душата твоја;
66
67
68
69