1Тогаш Мојсеј ги повика сите синови израелски и им кажа: „Вие видовте сѐ, што направи Господ пред очите ваши во египетската земја со фараонот и со сите негови слуги и со целата негова земја;
2
3
4
5леб не јадевте, вино и друг алкохолен пијалак не пиевте, за да познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.
6
7и им ја зедовме земјата нивна и им ја дадовме во дел на Рувимовото и Гадовото колено, и на половината од Манасиевото племе.
8
9Сите вие стоите денес пред Господ, вашиот Бог: началниците на племињата ваши, старешините ваши, надзорниците ваши, сите Израелци,
10децата ваши, жените ваши и дојденците, кои се во вашата населба, од дрварот ваш до водоносецот ваш,
11за да влезете во завет со Господ, вашиот Бог, и во клетвен договор со Него, каков што Господ, твојот Бог, денес склучува со тебе,
12
13Не само со вас единствено го заветувам овој завет и овој клетвен договор,
14туку, како со оние што денес се со нас, така и со оние што денес не стојат овде со нас пред Господ, нашиот Бог.
15Зашто вие знаете, како живеевме во египетската земја и како одевме сред народите, низ кои минавте,
16
17
18и ако некој, кој, откако ќе ги чуе зборовите на оваа клетва, се пофали во срцето свое и каже: ‚добро ќе ми биде, иако одам по желбите на срцето свое‘, и ако завлече со себе и други во идолопоклонство,
19
20и ќе го оддели Господ од сите племиња израелски за погубување, според сите клетви на заветот, напишани во оваа книга на законот.
21Тогаш подоцнежното поколение, децата ваши што ќе настанат по вас, и туѓинецот, што ќе дојде од далечна земја, откако ќе ги видат поразиите на таа земја и болестите што Господ ги испратил врз неа, ќе речат:
22
23Тогаш ќе кажат сите народи: ‚Зошто Господ постапил така со таа земја? Колку е голема јароста на гневот Негов!‘
24И ќе одговорат: ‚Затоа што го оставија заветот на Господ, Бог на предците свои, што го воспостави со нив, кога ги изведе од египетската земја,
25
26Поради тоа се разгори гневот на Господ врз таа земја, и Тој ги испрати врз неа сите клетви, напишани во оваа книга;
27и ги сотре Господ од земјата нивна во гнев, јарост и голема лутина, и ги исфрли на друга земја, како што денес гледаме.‘
28Она што е тајно, Му припаѓа на Господ, нашиот Бог, а она што е јавно — нам и на синовите наши довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.“