1И се свртевме оттаму и појдовме кон Башан, и башанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, кај Едреи.
2И ми рече Господ: „Не плаши се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во раката твоја него, и целиот народ негов, и целата земја негова; и ти ќе направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон.“
3И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот башански, и целиот народ негов; и го разбивме, така што од него не остана никој жив.
4
5Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидови, порти и довратници, без да го сметаме големиот број села.
6
7а целиот добиток и пленот од градовите го разграбавме.
8
9Сидончаните го викаат Ермон Сирјон, а Аморејците го нарекуваат Сенир.
10Сите градови во рамнината, целиот Галаад и целиот Башан до Салеха и Едреи, беа градови од царството на Ог Башански;
11зашто башанскиот цар Ог беше единствен преживеан од Рефаимците. Ете, неговиот мртовечки сандак сѐ уште може да се види во Рава, главен град на Амонците: железен одар — долг девет лакти, а широк четири лакти, машки лакти.
12
13Остатокот, пак, од Галаад и целиот Башан, царството на Ог, му го предадовме на половината од Манасиевото племе: целата област Аргов, со цел Башан. Таа земја се нарече Рефаимска.
14Јаир, Манасиевиот потомок, ја презеде целата област Аргов, дури до пределите Гесуриски, и Маахатски, и ги нарече тие башански места Јаирови села, според своето име, како што се викаат тие и до ден денес.
15
16а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галаад дури до потокот Арнон, земјата меѓу потокот и пределот до потокот Јавок, граница на Амоновите потомци;
17
18Тогаш и ви заповедав, велејќи: „Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја во владение; сите способни за војна, откако ќе се вооружите, појдете пред браќата ваши, синовите на Израел;
19само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов,
20додека Господ не им даде спокојство на вашите браќа, како и вам, и додека тие не ја наследат таа земја, која Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.“
21
22Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас.“
23
24„Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и силата Своја; па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, каква што е Твојата?
25Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна земја преку Јордан, тие убави планински предели и Ливан.“
26
27
28
29