1ⓝВнимавај, небо, јас ќе говорам; и нека ги слуша земјата зборовите од устата моја.
2ⓞДа се разлее како дожд поуката моја, како роса да падне говорот мој: како ситен дожд на зеленило, како пороен дожд на трева.
3Името Господово ќе го прославувам; воздајте Му слава на нашиот Бог!
4ⓟТој е тврдина; совршени се делата Негови, а патиштата Негови — праведни; Бог е верен и нема неправда во Него; Тој е праведен и вистинит;
5ⓠно тие станаа и згрешија пред Него; тоа не се Негови чеда поради пороците нивни; род дрзок и развратен.
6Тоа ли Му го возвраќате на Господ, народе глупав и безумен? Нели е Тој твој Отец, Кој те создаде, те усвои и те издигна?
7ⓡСети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија; прашај го татко си — и тој ќе ти каже, старците свои — и тие ќе ти речат.
8ⓢКога Севишниот го разделуваше наследството на народите и ги раселуваше синовите човечки, тогаш стави граници меѓу народите според бројот на синовите израелски,
9зашто делот на Господ е Неговиот народ; Јаков е наследството Негово добиено со ждрепка.
10ⓣТој го најде во пустината, во земја дива и пуста, го заштитуваше, се грижеше за него, го чуваше како зеницата на окото свое;
11ⓤкако што орелот бдее над гнездото свое, летајќи над своите орлиња, ги раширува крилјата свои, ги зема и ги носи на перјата свои,
12ⓥтака Господ Самиот го водеше, и немаше со Него туѓ бог.
13Тој го искачи на височините земни, го заситуваше со полски плодови и го хранеше со мед од камен и масло од тврда карпа;
14со кравјо масло и овчо млеко, и со лој од јагниња, со башански овни и козли, со најдобро жито и со најдобро вино.
15ⓦИ стана дебел Јешурун[4], дебел и тврдоглав: се згои, се здебели и прошири, Го остави Бога, Кој го создаде, отстапи од Бога, Спасителот свој.
16Со туѓи богови Го раздразнија и со одвратностите Го разгневија:
17ⓧим принесуваа жртва на злите духови, а не на Бога; на боговите, што не ги познаваа, на боговите нови и непознати, кои предците ваши не ги знаеја.
18А покровителот, кој те родил, ти Го остави, и Бога, Кој те создал, Го заборави.
19И Господ виде, па се разгневи и ги отфрли синовите Свои и ќерките Свои,
20ⓨи рече: „Ќе го свртам лицето Свое од нив и ќе го видам крајот нивни: бидејќи тие се развратен род, синови, во кои нема верност;
21ⓩсо лажни богови ја предизвикаа Мојата ревност, со идоли тие Ме разгневија, и јас ќе ја повредам нивната гордост со безвредни луѓе, со ништо и никаков народ Јас ќе ги разгневам;
22зашто оган се разгори од јароста Моја; продира тој сѐ до пеколот вечен, ја јаде земјата и плодовите нејзини, основите планински ги фрла во оган;
23ⓐќе испратам врз нив големи несреќи, стрелите Свои против нив ќе ги насочам:
24од глад исцрпени, молњи ќе ги ништат и болести смртоносни, против нив ќе испратам ѕверски заби и отров од влекачи земни;
25надвор од меч ќе умираат, а во домовите нивни — од ужас. Смрт ќе поразува момче и девојка, побелен старец и доенче мало.
26ⓑЈас реков: во прав ќе ги сторам, споменот за нив меѓу луѓето, Јас ќе го збришам;
27ⓒсамо се плашев од злобата непријателска; да не се излажат противниците негови, па да кажат: ‚Победата е наша; не е тоа од Господовата рака направено!‘
28ⓓЗашто се сој безрасуден, народ без ум.
29Само малку ум да имаа, лесно ќе ја сфатеа иднината своја;
30ⓔ‚Како би можел еден да гони илјада и двајца — десет илјади, ако нивниот Бог не би ги предал, и Господ не би ги дал!
31Зашто нивните богови не се како нашиот Бог; непријателите наши се осудени.‘
32ⓕЗашто лозјето им е од содомска лоза, и од полињата гоморски; грозјето им е отровно грозје, гроздовите им се горчливи;
33отров змиски е нивното вино, од аспида отров погубен.
34Не е ли сето тоа сокриено во Мене? Не е ли запечатено во Моите сокровишта?
35ⓖМоја е одмаздата и моја наградата, кога ќе им се затресе ногата нивна, зашто денот на загинувањето нивно е блиску, брзо ќе настапи подготвеното за нив.
36ⓗНо Господ ќе го оправда Својот народ, и ќе се смили над слугите Свои, кога ќе ги види ослабени, беспомошни и изнемоштени.
37ⓘИ ќе рече тогаш Господ: ‚Каде се боговите нивни, каде е карпата зад која се засолнуваа?
38ⓙКаде се оние кои јадеа лој од жртвите нивни и кои пиеја вино од преливите за нив? Камо да воскреснат, па да ви помогнат и да ви бидат заштита?
39ⓚИ ете, видете сега дека тоа сум Јас; Јас сум и нема друг Бог, освен Мене: Јас уништувам и Јас оживувам, Јас ранувам и Јас лекувам, и нема таков кој може да избави од раката Моја.
40ⓛЈа кренав кон небото раката Своја и велам: — жив сум довека!
41Кога ќе го наострам Мојот блескав меч, и раката Моја го прими судот, ќе им се одмаздам на непријателите Мои и ќе им платам на оние што Ме мразат;
42ⓜќе ги напојам стрелите Свои со крв, и мечот Мој ќе се насити со месо, со крвта од убиените и заробените, од главите на непријателските кнезови.‘
43ⓝВеличајте го, незнабошци народот негов! Зашто Тој ќе се одмазди за крвта на слугите Свои, ќе им се одмазди на непријателите Свои, и ќе ја очисти земјата Своја и народот Свој!“
44И се приближи Мојсеј до народот и ги кажа гласно сите зборови од оваа песна пред народот, тој и Осија[5], синот Навинов.
45Откако Мојсеј ги кажа сите тие зборови пред целиот Израел,
46ⓞим рече: „Внесете ги во срцето сите зборови, што ви ги кажав денес, и порачајте им на децата ваши, да ги пазат и да ги исполнуваат сите зборови од овој закон;
47зашто тие не се за вас празни зборови, туку ваш живот, и преку нив ќе живеете долго време на земјата, за која одите преку Јордан да ја освоите.“