1ⓡОва е благословот, со кој Мојсеј, човекот Божји, ги благослови синовите на Израел пред својата смрт.
2ⓢИ рече: „Господ дојде од Синај, им се јави во Сеир, заблеска од планината Фаран и пристигна со илјадници светии; а во десницата Негова огнен закон за нив.
3Сепак, Ти го сакаш Својот народ и сите светии се во раката Твоја, и тие паднаа пред Твоите нозе, за да ги слушнат зборовите Твои.
4Закон ни даде Мојсеј, наследство на народот од Јаков.
5ⓣИ тој беше цар на Јешурун кога се собираа народните кнезови, заедно се соединија израелските племиња.
6Да живее Рувим и да не умира, па макар и да е малуброен!“
7А за Јуда го кажа ова: „Чуј го, Господи, гласот на Јуда и доведи го кај народот негов; да се заштити со рацете свои, а Ти биди му помошник против непријателите негови.“
8ⓤИ за Левиј рече: „Твојот ‚тумим‘ и Твојот ‚урим‘ се на светиот маж Твој, кого што Ти го искушуваше во Маса,
9ⓥкој рече за татко си и за мајка си: ‚јас не ги видов‘, и браќата свои не ги признава, и синовите свои не ги познава, бидејќи тие, ги почитуваат зборовите Твои и го пазат заветот Твој,
10го учат Јаков на законите твои, и Израел на Твоите заповеди, ставаат темјан пред лицето Твое и сепаленици на жртвеникот Твој;
11благослови ја, Господи, силата негова и прими ги делата на рацете негови, порази ги бедрата на непријателите негови, што стануваат против него и кои го мразат, за да не можат да се подигнат.“
12За Венијамин рече: „Кого Господ го сака, тој живее во Него со радост, Бог го заштитува секогаш, и тој почива врз рамената Негови.“
13ⓦЗа Јосиф рече: „Нека ја благослови Господ земјата негова со многу сакани дарови небески, со роса и со дарови од бездната, што лежи долу,
14со најдоброто што доаѓа од сонцето и со најдоброто што го донесува месечината,
15ⓧсо дарови од старите планини и со дарови од вечните ридови,
16ⓨи со најдоброто од тоа што ја исполнува земјата, и благословот на Оној што се јави од капината да слезе врз главата на Јосиф, врз темето на избраниот меѓу браќата;
17ⓩцврстината му е како на првородено теле, и роговите му се како роговите на бивол; со нив ќе ги избоде сите народи до крајот на земјата: тоа се десетиците илјади Ефремови, тоа се илјадниците Манасиеви.“
18На Завулон му рече: „Весели се, Завулоне, во своите патишта, и ти Исахаре, под шаторите твои;
19ⓐвие го свикувате народот на планината, таму ќе принесете жртви според законот на правдата, бидејќи богатството на морето ќе ве храни, и сокровиштето сокриено во песокот.“
20ⓑЗа Гад рече: „Благословен нека е кој ќе го прошири Гад; тој почива како лав, готов да ја раскине жртвата своја од пети до глава;
21ⓒтој си ги присвои првините од освоеното, што му го додели Законодавецот; тој оди во првите редови на народот, извршувајќи го светото дело Господово и својот долг кон Израел.“
22За Дан рече: „Дан е млад лав, кој скокна од Башан.“
23За Нефталим рече: „Нефталим е презаситен со пријатности, па нека се засити и со благослов од Господ; Западот и Југот ќе ги наследи.“
24За Асир рече: „Благословен меѓу синовите ќе биде Асир, тој ќе биде омилен меѓу браќата свои и во масло ќе ја натопи ногата своја.
25Од железо и од бакар се твоите резиња;
26ⓓНема друг Бог како твојот Бог, Јешуруне! Кој се пронесува по небото, тебе на помош, и со великолепие на облаците.
27ⓔЕдиниот Бог е твое прибежиште, а вечните Негови раце се твоја поткрепа. Тој го прогонува непријателот пред тебе и ти вели: ‚истребувај!‘
28ⓕИзраел живее во спокој, потомците на Јаков се сместија во засолниште, во земја изобилна со жито и вино, каде небото праќа роса.
29ⓖБлажен си ти, Израеле! Кој е како тебе, народ пазен од Господ, Кој ти е штит — закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели ќе бараат милост од тебе, а ти ќе ја газиш гордоста нивна.“