Повторени закони 34:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш Мојсеј се искачи од рамнините моавски на планината Нево, на врвот Фазга, спроти Ерихон, и Господ му ја покажа целата земја од Галаад сѐ до Дан,

2и целата земја Нефталимова, и целата земја Ефремова и Манасиева, и целата земја Јудина, дури до Западното Море,

3и регионот на Негев, и рамнината околу Ерихон, град на палми, дури до Сигор.

4И му рече Господ: „Ете ја земјата, за која им се заколнав на Авраам, на Исак, и на Јаков, велејќи: ‚На вашето семе ќе им ја дадам‘; дадов да ја видиш со очите твои, но ти таму нема да појдеш.“

5И умре таму Мојсеј, слугата Госпо­дов, во земјата Моав, според зборот Господов;

6и го погребаа во долината, во земјата Моав, спроти Бет-Пеор, но до денеска никој точно не знае каде е погребан.

7Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре; но видот не му беше ослабнат, и силата негова не му беше опаднала.

8И синовите на Израел го оплакуваа Мојсеј во рамнините моавски триесет дена. А потоа поминаа и деновите за плачење и тагата по Мојсеј.

9И Исус, синот Навинов, се исполни со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги беше положил рацете свои врз него, и му се покоруваа синовите на Израел и правеа така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

10И не се појави веќе таков пророк во Израел, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице в лице,

11на кого Господ го беше испратил да ги изврши во египетската земја сите тие знаменија и чуда над фараонот, над сите слуги негови и над целата земја негова.

12Чудесни се и големи тие дела што Мојсеј ги изврши со моќна рака пред очите на целиот Израел.

article>