Повторени закони 4:1-49 MKDB2006 - Bible AI

1И така, Израеле, послушај ги наредбите и законите, на кои јас ве учам да ги исполнувате, за да бидете живи и да отидете и да ја наследите онаа земја, која Господ, Бог на вашите предци, ви ја дава;

2не додавајте ни збор повеќе на она што ви го заповедам, ниту да одземате од него; исполнувајте ги заповедите на Господ, вашиот Бог, кои јас ви ги предавам;

3очите ваши видоа сѐ, што Господ, направи со Ваал-Фегор; зашто Господ, Бог наш, го истреби од средината твоја секој, што го следеше Ваал-Фегор;

4а вие, кои сте Му приврзани на Гос­под, вашиот Бог, сите сте живи до ден — денес.

5Ете, ви ги изнесов наредбите и за­коните, што ми ги предаде Господ, Бог мој, за да постапувате така во земјата, во која влегувате, за да ја завладеете.

6И така, пазете ги и исполнувајте ги, зашто во тоа е вашата мудрост и ва­шиот разум пред очите на сите народи, кои, откако ќе чујат за сите тие наредби, ќе речат: овој голем народ е мудар и разумен народ.

7Зашто има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил тол­ку, како што е близок кон нас Гос­под, нашиот Бог, кога и да Го пови­ка­ме?

8И има ли некој голем народ со такви праведни наредби и закони, како целиот овој закон, што ви го предавам денес?

9Само пази се и грижливо чувај ја душата своја, за да не ги заборавиш делата, што ги видоа твоите очи, и тие да не излегуваат од срцето твое, во сите денови на твојот живот, и да продолжат така и синовите твои, и синовите на твоите синови.

10Во оној ден, кога стоевте пред Господ, вашиот Бог, кај Хорив, и кога ми рече Господ: „Собери го при Мене народот, за да му ги кажам Моите зборови, од кои ќе научат да се плашат од Мене во сите денови на својот земен живот и да ги научат синовите свои.“

11Вие се доближивте и застанавте во подножјето на планината, а планината гореше во оган до самото небо; и имаше темнина, облаци и мрак.

12И Господ ви говореше од средината на огнот; гласот на зборовите го чувте, но образ не видовте, туку чувте само глас.

13И Тој ви го објави Својот завет, и ви заповеда да ги исполнувате Десетте заповеди и ги напиша на две камени плочи.

14Тогаш Господ ми заповеда да ве научам на наредбите и законите, за да ги исполнувате во земјата во која влегувате, да ја завладеете.

15Бидете цврсто убедени во душите свои дека не видовте никаков лик во оној ден, кога Господ ви говореше, на Хорив од средината на огнот.

16За да не се огрешите, правејќи си вајан лик, образ на идол во вид на маж или жена,

17лик на некое животно што е на земјата, лик на некоја перната птица, која лета под небото,

18лик на каква било гадинка што пол­зи по земјата, лик на секаков вид риба, која е во водата под површината на земјата;

19и да не се соблазниш ти, кога ќе погледнеш кон небото и ќе го видиш сонцето, месечината и ѕвездите и сето воинство небеско, та да им се поклониш и да им послужиш, зашто Господ, твојот Бог, ги определил за сите народи под небото.

20А вас, пак, Господ ве зеде и ве из­веде од железната печка, од Египет, та да бидете народ Негов, како што сте тоа денес.

21И се разгневи Господ Бог на мене поради вас и се заколна дека нема да го минам Јордан и нема да влезам во онаа убава земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

22Јас ќе умрам во оваа земја, и нема да го минам Јордан, додека вие ќе ми­нете и ќе ја заземете таа убава земја.

23Гледајте, да не го заборавите заветот на Господ, вашиот Бог, што Тој го склучи со вас, и да не си правите ни­какви идоли — образи на што и да било, како што ти заповеда Господ, твојот Бог;

24бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител.

25Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, ќе почнете да вршите беззаконија и направите каков-годе резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господ, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите.

26Денес, еве, ги повикувам за сведоци небото и земјата дека наскоро ќе ја из­губите оваа земја, во која одите да ја наследите од онаа страна на Јордан; нема да останете во неа долго, ами ќе загинете.

27И ќе ве распрсне Господ меѓу народите, и ќе станете малубројни меѓу на­ро­дите, кај кои ќе ве одведе Господ;

28и таму ќе им служите на нивните богови, што рака човечка ги направила од дрво и од камен, кои не гледаат и не слушаат, не јадат, и не мирисаат.

29Но таму кога ќе Го побарате Гос­пода, вашиот Бог, ќе Го најдете, ако Го побарате од сѐ срце и со целата своја душа.

30Кога ќе западнеш во тага, и кога сето тоа со време ќе те снајде, ти ќе Му се обратиш на Господ, твојот Бог, и ќе го чуеш Неговиот глас.

31Господ, твојот Бог, е Бог милосрден; Тој нема да те остави, нема да те погуби и нема да го заборави заветот со твоите предци, кој со заклетва им го потврдил.

32Зашто, запрашај се за поранешните времиња, што беа пред тебе, од оној ден, кога Бог го создаде човекот на земјата, и од едниот крај на небото до другиот; имало ли нешто такво како ова големо дело, или се чуло ли за слично на него?

33Го чул ли некој народ некогаш гласот на Бога, Кој говори од оган, како што ти чу, и остана жив?

34Зар се обидел некој бог да си земе народ од друг народ преку порази, знаменија и чуда, преку војна, и со силна испружена рака, со големи ужаси, како што направи за вас Господ, вашиот Бог, во Египет пред твоите очи?

35Тебе ти е дадено да го видиш тоа, за да разбереш дека само Господ, твојот Бог е Бог и дека нема друг освен Него.

36Тој ти дозволи од небото да го чуеш гласот Негов, за да те научи, а на земјата ти го покажа Својот голем оган, и ти ги слушаше зборовите Негови од огнот;

37бидејќи Тој ги засака твоите предци и ве избра вас, потомците нивни по нив, и те изведе Сам со големата сила Своја од Египет,

38за да ги порази од пред тебе народите што беа поголеми и посилни од тебе, па да те воведе и да ти ја даде земјата нивна во наследство, која сега ја имаш.

39И така, знај сега и вразуми се, зашто Господ, твојот Бог, е Бог на небото горе и на земјата долу, и нема друг освен Него;

40и пази ги наредбите Негови и заповедите Негови, кои денес ти ги давам, за да биде добро за тебе и за твоите потомци по тебе и да останеш долго во таа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш.

41Тогаш Мојсеј оддели три града од онаа страна на Јордан, откај изгревот на сонцето,

42за да избега таму убиец, кој не сакајќи ќе убие свој ближен, а да не му бил непријател ни вчера, ниту завчера, и, откако ќе избега во еден од тие градови, да остане жив.

43Тоа беа Бецер во пустината, во рамнината населена од племето Руви­мово, и Рамот во Галаад, наследство Гадово, и Голан во Башан, земја на племето Манасиево.

44Ова е законот што Мојсеј им го предложи на синовите израелски;

45ова се заповедите, наредбите и законите, кои Мојсеј им ги кажа на синовите на Израел откако беа излегле од Египет,

46од онаа страна на Јордан, во долината спроти Бет-Пеор, во земјата на аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон, и кого Мојсеј го разби со синовите на Израел, откако беа изле­зени од Египет.

47И ја освоија земјата негова и земјата на башанскиот цар Ог, обајцата цареви на земјата аморејска, која е од онаа страна на Јордан, откај изгревот на сонцето:

48од Ароер, кој е на брегот од потокот Арнон, до планината Сион, т.е. до Ермон;

49и целата рамнина од онаа страна на Јордан кон исток, до Мртвото Море, во подножјето на планината Фазга.

rticle>