Повторени закони 5:1-33 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш Мојсеј го свика сиот израелски народ и му рече: „Слушај ги, израелски народе, наредбите и законите што ти ги кажувам денес во ушите твои, научи ги и труди се да ги исполнуваш.

2Господ, нашиот Бог, склучи со нас завет на Хорив.

3Тој завет Господ не го склучи со нашите татковци, туку со нас, кои сме сега тука сите живи.

4Лице в лице ви говореше Господ вам на планината од огнот:

5јас, пак, стоев меѓу Господ и меѓу вас во тоа време, за да ви ги пренесувам зборовите Господови, бидејќи вие се плашевте од огнот и не излеговте на планината. Тој тогаш рече:

6‚Јас сум Господ, твојот Бог, Кој те изведов од египетската земја, од домот на ропството;

7да немаш други богови освен Мене!

8Не прави идоли и никакви ликови на она, што е на небото горе, и што е на земјата долу, и што е во водите под земјата,

9не им се поклонувај и не им служи; зашто Јас сум Господ, Бог твој, Бог ревнител, кој, за гревот на татковците што Ме мразат ги казнувам децата, до третото и четвртото колено,

10и Кој покажува милост до илјадници поколенија кон оние, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.

11Не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог; зашто Господ, твојот Бог, нема да го остави неказнет оној, кој го употребува Неговото име напраз­но!

12Пази го саботниот ден, за да ти биде свет, како што ти заповедал Господ, твојот Бог;

13шест дена работи и врши ги сите работи,

14а седмиот ден е сабота на Господ, твојот Бог: не врши никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни магарето твое, ниту друг твој добиток, ниту дојденецот што е кај тебе, за да си почине робот твој и ро­бинката твоја, како и ти.

15И запомни дека ти беше роб во еги­петската земја, но Господ, твојот Бог, те изведе оттаму со силна и долга рака; затоа и ти заповеда Господ, твојот Бог, да го почитуваш саботниот ден.

16Почитувај ги и твојот татко и твојата мајка, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог.

17Не убивај!

18Не врши прељуба!

19Не кради!

20Не сведочи лажно против ближ­ниот свој!

21Не ја пожелувај жената на ближ­ниот свој и не го пожелувај домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ни­ту робот негов, ниту робинката негова, ниту волот негов, ниту магарето негово, ниту нешто друго, кое му припаѓа на ближниот твој!‘

22Тие зборови ги изрече Господ громогласно кон целото ваше собрание на планината од огнот, облакот и мракот, и повеќе не говореше, и ги напиша на две камени плочи и ми ги предаде.

23И кога го чувте гласот од мракот, и планината гореше во оган, вие се приближивте до мене, сите началници на вашите племиња и старешините ваши,

24говорејќи: ‚Ете, ни ја покажа Гос­под, нашиот Бог, славата Своја и вели­чината Своја, и го чувме гласот Негов од огнот; денес видовме дека Господ му говореше на човек, и тој остана жив.

25А зошто сега да умреме? Бидејќи тој голем оган ќе не изгори; ако пак го чуеме гласот на Господ, нашиот Бог, ќе умреме;

26кое е тоа човечко суштество што го чуло, како ние, гласот на живиот Бог, Кој говореше од огнот, а да останало живо?

27Пристапи ти и слушни сѐ, што ќе ти каже Господ, нашиот Бог, и раскажи ни сѐ, што ќе ти говори Господ, нашиот Бог, а ние ќе послушаме и така ќе пра­виме.‘

28И Господ ги чу вашите зборови, како разговаравте со мене, и ми рече Господ: ‚Ги чув зборовите на твојот на­род, кој ти говореше; сѐ што рекоа, е добро.

29О, да имаа тие такво срце, та да се плашеа од Мене и да ги слушаа сите заповеди Мои во сите денови, тогаш ќе им беше добро ним и на синовите нивни во веки!‘

30Оди и кажи им: ‚Вратете се во до­мовите ваши!‘

31а ти остани тука со Мене, и Јас ќе ти ги кажам сите заповеди, наредби и закони, на кои треба да ги научиш, за да постапуваат така во онаа земја, што им ја давам во наследство.“

32Гледајте да постапувате така, како што ви заповеда Господ, вашиот Бог, не скршнувајте ни десно, ни лево;

33одете по патот, по кој ви заповеда Господ, вашиот Бог, за да бидете живи и да ви биде добро и да поживеете долго време во онаа земја, што ќе ја добиете во наследство.

rticle>