Повторени закони 9:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1Чуј, Израеле: ти денес ќе го минеш Јордан да завладееш народи, пого­леми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса,

2луѓе големи, и многубројни, и високи, Анаковите потомци, за кои знаеш и си слушал: „Кој може да им се против­стави на Анаковите потомци?“

3Но сега знај дека Господ, твојот Бог, ќе оди пред тебе како оган, кој гори: Тој ќе ги истреби и ќе ги кутне пред тебе и ти наскоро ќе ги изгониш и ќе ги истребиш, како што ти рече Господ.

4Кога ќе ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: „Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа земја. Затоа што поради беззаконијата на овие народи Господ ги прогонува од пред тебе.“

5Не заради праведноста твоја и не заради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку поради бесчестието на тие народи Господ, твојот Бог, ги изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, со кој им се заколна Господ на предците твои: Авраам, Исак и Јаков;

6затоа знај сега дека не заради пра­ведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, — бидејќи си тврдоглав народ.

7Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пустината: од оној ден, кога излеговте од египетската земја, па сѐ додека пристигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господ.

8И кај Хорив вие Го раздразнивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби.

9Кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ го беше склучил со вас; тогаш останав на планината четириесет дена и четириесет ноќи, леб не јадев и вода не пиев;

10и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието.

11Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноќи, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот,

12и ми рече Господ: „Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати; многу брзо тие отстапија од патот, што им го заповедав; тие си направија леан идол.“

13И ми рече Господ: „Го гледам тој народ, ете, тоа е тврдоглав народ;

14остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе ќе направам народ, посилен и помногуброен од нив.“

15Јас се свртев и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце;

16и видов дека вие бевте згрешиле против Господ, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бевте отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ;

17тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас.

18И Му се помолив на Господ, како и порано, и пак четириесет дена и чети­риесет ноќи леб не јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згрешивте, зашто извршивте зло пред Господ, и Го разгневивте;

19бидејќи јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш.

20А и на Арон силно се разгневи Гос­под и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арон.

21А гревот ваш, што го направивте — телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината.

22И во Тавера, и во Маса, и во Кив­рот-Таава вие Го разгневивте Господа.

23И кога Господ ве прати од Ка­дис-Барнеа, со зборовите: „Одете и освоете ја земјата, што ви ја давам,“ — вие ѝ се противставивте на заповедта на Господ, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов.

24Вие Му бевте непокорни на Господ уште од оној ден, кога ве запознав.

25И Му се молев на Господ, Го молев четириесет дена и четириесет ноќи, бидејќи Господ сакаше да ве истреби;

26Му се молев на Господ и реков: „Господи, Господи, не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака;

27спомни Си за Твоите слуги Авраам, Исак и Јаков; не гледај на жестокоста на овој народ, ниту на нечесноста негова, ниту пак на гревовите негови,

28за да рече оваа земја, од каде што нѐ изведе: — Господ не можеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустината, —

29а тоа е Твој народ и Твое наслед­ство, што Ти го изведе со Својата незапирлива сила.“

rticle>