Проповедник 1:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Зборови на проповедникот, син Давидов, цар израелски.

2Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите — сѐ е суета!

3Каква е ползата за човекот од сите негови трудови, со кои се труди под сонцето?

4Род еден си заминува, и род друг доаѓа, а земјата останува засекогаш.

5Сонцето изгрева и заоѓа, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева.

6Ветрот вее кон југ и се врти кон се­вер, се врти, се врти во својот пат и пак ги почнува своите вртења во круг.

7Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се вра­ќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат одново.

8Секоја работа бара труд: човекот не може сѐ да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша.

9Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави — нема ништо ново под сонцето.

10И ако за нешто се рече: „Види, ете, тоа е ново“; но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас.

11Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ќе биде подоцна нема да остане спомен кај оние што ќе дојдат.

12Јас, проповедник, бев цар над Изра­ел во Ерусалим;

13и го управив срцето свое да истра­жува и да испитува преку муд­роста сѐ, што станува под небото; таа тешка задача им ја даде Бог на синовите чо­вечки, за да се занимаваат со неа.

14Ги видов сите работи, што се вр­шат на земјата, и ете — сѐ е суета и мака за духот.

15Кривото не може да се исправи, и она, што го нема не може да се брои.

16Си велев во срцето свое: „Еве, јас се воздигнав и се здобив со мудрост повеќе од сите, што беа пред мене над Еру­салим, и срцето мое виде многу мудрост и знаење.“

17И го насочив срцето свое да ја по­знае мудроста, да ги познае безумието и глупоста; но разбрав дека и тоа е мачно за духот;

18зашто при големата мудрост голема е и тагата, и кој умножува знаење, умножува и мака.

e>