1Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ќе го најдеш.
2Давај дел на седум души, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ќе настане на земјата.
3Кога ќе се наполнат облаците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кон југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало.
4Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее.
5
6Изутрина сеј го семето твое и навечер нека не мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеќе ќе успее, или и едното и другото ќе бидат еднакво добри.
7
8Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ќе ги има многу: но сѐ што ќе биде, ќе биде суета!
9Весели се во младоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај дека за сето тоа Бог ќе те изведе на суд.
10Гони ја скрбта од срцето свое и отстранувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета!