1
2Па си реков: блазе им на умрените, што умреле одамна, отколку на живите, што живеат досега;
3
4
5
6Подобро една шепа во мир, отколку две со труд и мака во духот.
7Се свртев и видов друга суета на земјата:
8човек осамен, нема близок: нема ни син, ни брат, а пак на сите работи негови крај нема, и очите негови не можат да се наситат со богатство. „За кого, пак, — вели тој — се трудам и ја лишувам од добра душата своја?“ — Ете, и тоа е суета и лоша работа.
9
10Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ќе нема друг, кој да го крене.
11
12И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат; и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине.
13
14зашто младиот може да излезе од темница и да стане цар, иако се родил сиромав во царството.
15Ги видов сите живи, што одат под сонцето, со вториот младич што ќе застане на негово место.
16Број немаше сиот оној народ, што беше пред него, иако подоцнежните нема да му се радуваат. И тоа е суета и гонење ветер.
17