Проповедник 5:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара збо­рови пред Господ; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборо­вите твои да не бидат многу.

2Зашто, како што соништата доа­ѓаат при многу грижи, така и гласот на глупавиот се познава од многуте зборови.

3Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Тој не ги сака безумните: она што си го ветил, изврши го.

4Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш.

5Не ѝ дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не зборувај пред ангелот Божји: „Тоа е грешка!“ Зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои?

6Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но ти имај страв од Бога.

7Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот и правдата, не чуди се на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив — уште повисок;

8но од сѐ покорисна е земјата; и царот на нивата ѝ служи.

9Кој го љуби среброто, со сребро не­ма да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има полза од тоа. И тоа е суета!

10Се зголемува ли имотот — се зголемуваат и корисниците негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои?

11Сладок е сонот за оној, кој се труди, — па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие.

12Има едно тешко зло, што сум го видел на земјата: богатство, што се чува за зло на оној, кој го поседува.

13А тоа богатство може да се изгуби во несреќно време: му се роди син и не остане ништо во рацете негови.

14Како што излегол гол од мајчина­та утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе.

15И тоа е големо зло: каков што дошол, таков си заминува. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо?

16А целиот живот бил мрачен од многу грижи, маки и страдања.

17Еве уште што најдов за добро и пријатно: да се јаде и да се пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои некој се труди на земјата преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел.

18И, ако на некој човек Бог му дал богатство, и имот и му дал да се пол­зува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои, — тоа е Божји дар.

19Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето негово.

e>