Проповедник 6:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Има едно зло, што го видов на земјата, и тоа често е меѓу луѓе­то:

2Бог му дава на човекот богатство, имот и слава, и за душата негова нема скудности во ништо, што и да посака; но Бог не му дава нему да се ползува од тоа, туку се ползува од него друг човек: тоа е суета и тешко зло!

3Ако некој изнароди сто синови, про­живее многу години и уште му се умно­жат дните на животот негов, а душата негова не се насладила на добро, та за него ќе нема дури ни по­греб, подобро му е, велам, на недо­носче отколку нему,

4зашто залудо дошло и отишло во темнина, и името му е покриено со мрак.

5Тоа дури и не го видело и не го по­знало сонцето: но поспокојно е од оној.

6А оној, макар да проживеал и две илјади години, без наслада од добрата, нема ли да појде сѐ на исто место?

7Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити.

8А каква предност има умниот пред безумниот, каква — сиромавиот, кој умее да се однесува пред луѓето?

9Подобро е да гледаш со очи, откол­ку да посакуваш со душата. И тоа е суета и мака за духот.

10Она што постои, тоа е веќе наре­чено со име, и се знае дека е тоа — чо­векот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него.

11Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е по­добро за човекот?

12Зашто, кој знае што е добро за чо­векот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ќе му каже на човекот, што ќе стане по него на земјата?

e>