1Подобар е добар глас, отколку скапоцено масло, и смртниот ден — од родениот ден.
2Подобро е да одиш во куќа каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во куќа, каде што има веселби и гозби, зашто таков е крајот на секој човек, и живиот ќе го приложи тоа кон срцето свое.
3Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро.
4На умните срцето им е во куќата, каде што плачат, а на безумните во куќа, каде што се веселат.
5Подобро е да слушаш прекор од мудар, отколку да слушаш пофалби од глупав;
6зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета!
7Угнетувањето на другите го прави мудриот безумен, а подароците го расипуваат срцето.
8
9
10Не вели: „Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?“, бидејќи не е мудро да прашуваш за тоа.
11Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето,
12
13
14Во добро време ползувај се со доброто, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него.
15
16Немој да бидеш премногу строг и немој да се покажуваш за многу умен, зошто да се уништуваш?
17Не предавај се на грев и не станувај безумен; зошто да умреш предвреме?
18Добро е, ако се држиш за едното, но и друго да не испушташ од раката своја; зашто, кој има страв од Бога, ќе се избави од сето тоа.
19
20
21
22зашто срцето твое знае за многу случаи, кога и ти самиот си навредувал други.
23Сето тоа го испитав со мудрост; јас реков: „Ќе бидам мудар“, но мудроста е далеку од мене.
24Далеку е тоа што се случило и многу длабоко: кој ќе го пронајде?
25
26
27„Ете, тоа открив јас — рече Проповедникот — испитувајќи едно по друго.“
28
29Само, ете, тоа го открив дека Бог го создаде човекот едноставен и добар, но тој самиот си создава проблеми.