Псалми 1:1-6 MKDB2006 - Bible AI

1Блажен е оној човек, што не оди на советот на безбожниците, не застанува на пат на грешници и не седи во друш­тво на развратници,

2туку му омилел законот Господов и за законот Негов дење и ноќе грижливо размислува;

3тој е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навре­ме, и чиј лист не венее; и во сѐ што прави, напредува.

4Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го разнесува ве­трот.

5Затоа безбожниците нема да се од­р­жат на судот, ниту грешниците — во соборот на праведните.

6Зашто Господ го знае патот на праведните; патот, пак, безбожнички ќе пропадне.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>