1ⓡЗошто стоиш далеку Господи, зошто се сокриваш во време на неволји?
2Во горделивоста нечестивиот ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови.
3ⓢБидејќи грешникот се гордее со лакомството на душата своја, колне и Господа Го презира.
4ⓣВо својата горделивост, грешникот вели: „Ќе нема истрага!“, а во себе мисли: „Бог не постои!“
5ⓤПатиштата негови се секогаш успешни, судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, а на непријателите свои им се потсмева.
6И во срцето свое си вели: нема да бидам соборен, во ниеден род зло нема да ме снајде!
7ⓥУстата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов пакост и неправда.
8ⓦСеди во заседа покрај селата, на скришни места за да убива невини, очите негови демнат беспомошни.
9Исчекува скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го одвлекува во својата мрежа.
10Се притајува, прилегнува и тогаш беспомошниот паѓа совладан.
11ⓧПа вели во срцето свое: Бог заборавил, го сокрил лицето Свое, никогаш нема да види.
12Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Твоја, не ги заборавај угнетените.
13Зошто безбожникот Го презира Бога, зошто во срцето свое да вели — Бог не казнува?
14ⓨНо Ти гледаш, зашто ги забележуваш маките и навредите; во Свои раце ги одмеруваш; беспомошниот Тебе Ти се предава, Ти си му помошник на сиракот, бедниот Тебе ти се предава.
15Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; казни му ја пакоста за да ја нема повеќе!
16ⓩГоспод е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема незнабошците од земјата Негова.
17Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое!
18Дај правда за сиракот и за угнетениот, па да престане човекот на земјата да задава страв.